Несреќа на пругата Скопје- Гевгелија: Воз усмрти Авганистанец и неговото бебе

06.11.2014 11:39

Покрај починатите во групата имало и други мигранти...

Уште една несреќа во која настрадаа мигранти од Авганистан. Товарен воз синоќа усмрти Авганистанец и неговото бебе кое имало само 45 дена.

Несреќата се случила на пругата Скопје-Гевгелија кај местото Јаворица во близина на селото Давидов, информираат од МВР.

Покрај починатите во групата имало и други мигранти.

Се почесто тие ги користат пругите како ориентир за движење при нивниот обид да ја поминат земјава откако преку илегални премини ќе влезат од Грција.