Костовска: Матичните доктори на обука во случај на ебола

06.11.2014 11:54

Надлежна институција е Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, што значи на било кој дел од државата, каде и да се појави случај сомнителен за опасно смртоносно заразно заболување, вклучително и еболата, истиот ќе биде веднаш транспортиран под соодветни услови на клиниката...

Иако во Македонија нема регистрирано случај на ебола, овој месец ќе се одржат обуки на терен, кои ќе бидат наменети првенствено за матичните лекари.

Според Јованка Костовска од Секторот за превентивна заштита при Министерството за здравство, надлежна институција е Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, што значи на било кој дел од државата, каде и да се појави случај сомнителен за опасно смртоносно заразно заболување, вклучително и еболата, истиот ќе биде веднаш транспортиран под соодветни услови на клиниката.

Иако Клиниката е добро опремена, во постапка е набавка на дополнителна опрема, за да имаме и резерва за секој случај, појаснува Костовска.