Учениците од „Јосип Броз Тито“ во Струга од утре на настава
06.11.2014 12:25
Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во училиштето кадешто наставата беше во прекин поради незагревање на училниците...

ОУ „Јосип Броз Тито” во Струга денес доби нафта за греење. Како што не информира в.д. директорот на училиштето Тони Савески, нафтата за греење пристигнала денес, а учениците веќе од утре може повторно да се вратат во училишните клупи.
Вкупно 9 тони нафта денес беше доставена од кои по 2 тони ќе бидат префрлени во подрачните училишта во селата Враништа и Мислешево и 5 тони нафта за ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга. Оваа количина нафта ќе биде доволна за греење за период од два месеци а како што велат од училиштето во наредниов период од општина Струга ќе побараат нова количина на нафта за престојниот зимски период.
Учениците два дена ја бојкотираа наставата поради проблеми со греењето а од утре повторно се враќаат назад во училишните клупи. Изгубената настава ќе биде надополнета, додаваат од училиштето.
Јованчо Наумоски
