Објавен нов оглас за самовработување со кредитирање
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов потенцираше дека целта е преку конкретни мерки да се создаваат и креираат можности за сите невработени лица...

Нов оглас објави Агнцијата за вработување. Во наредните 10 работни дена сите заинтересирани ќе можат да аплицираат за проектот за самовработување со кредитирање, проектот за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години, проектот кредитирање на фирмите за отворање на нови работни места.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов потенцираше дека целта е преку конкретни мерки да се создаваат и креираат можности за сите невработени лица, но и да се поттикнат сите оние коишто имаат сопствен бизнис, идеја и концепт за развој на сопствена компанија да се активираат, ставајќи акцент особено на младите.
„Од 2008 до 2014 година со Програмата за самовработување со кредитирање регистрирани се 2.747 фирми од кои 2.153 се активни, или во проценти 78.3%. Додека пак од 2014 година предвидовме повеќе погодности за младите и посебно дизајнирани мерки при што започнавме и со имплементација на програмата Самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години. За истата 343 кредитобаратели поднесоа апликации за вработување на 383 лица. При тоа склучени се 131 договор за вработување на 147 лица“, изјави министерот Спасов.
Сите заинтересирани субјекти и невработени лица може да поднесат барања за учество во некоја од овие мерки, или да се обратат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија
