Продолжува соработката помеѓу „Кембриџ“ и МОН

06.11.2014 13:18

Наставниците велат дека преку проектот Кембриџ, учениците полесно ги совладуваат лекциите. Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, најави имплементација на проектот и во други училишта...

Експертски тим од „Кембриџ“, во обиколка на училиштата во Кисела Вода, за да скенираат како се имплементира наставната програма. Наставниците велат дека преку проектот Кембриџ, учениците полесно ги совладуваат лекциите. Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, најави имплементација на проектот и во други училишта.

Денеска, заменик министерот Ристовски и генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ, Мајкл О’Саливан, го посетија основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.

„Водејќи се по истиот принцип ќе продолжиме со реформирање на наставните програми по математика и природни науки од четврто до шесто одделение. Очекувам во текот на наредната година по успешното завршување на овој втор дел од реформата да го комплетираме, односно завршиме реформирањето на делот на основно образование, од седмо до деветто“, истакна Ристовски.

О’Саливан нагласи дека со голема доверба ќе продолжи соработката со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со цел да се промени кон подобро она што досега се случуваше во училиштата.