Откриен идентитот на човекот кој го уби Осама Бин Ладен

06.11.2014 13:52

О’Нил се согласи за дводелно интервју за „Фокс“ каналот и покрај тоа што првите луѓе на американската морнарица ја критикуваа неговата одлука...

Морнаричката „фока“ која го уби Осама Бин Ладен од синоќа е откриена за јавноста. Роб О’Нил (38) извршил 400 борбени мисии и е одликуван 52 пати.

О’Нил се согласи за дводелно интервју за „Фокс“ каналот и покрај тоа што првите луѓе на американската морнарица ја критикуваа неговата одлука.

О’Нил бил член на познатиот тим шест на Морнаричките фоки, кој во Пакистан во 2011 учествуваа во акција во која беше ликвидиран Бин Ладен.

Во специјална емисија на „Фокс њуз“, насловена „Човекот кој го уби Осама бин Ладен“, О’Нил зборува за својата одлука и деталите од мисијата во која беше убиен првиот човек на Ал Каеда.

Лани тој имаше интервју за магазинот „Ескваер“ во кој идентитетот не му беше обелоденет.