Ракомет

Има ли чаре?!

06.11.2014 14:36

Никој не очекуваше веројатно во Автокоманда дека ќе кулминира целата ситуација. Но, кога подолго време нештата се туркаат под чергиче еден ден од него и некој ќе се сопне...

Депресивниот македонски спортски период го отвори ракометниот шампион Металург. Вчерашното незаминување за Загреб на кое предходеше тренинг боикот, беше само условно, предуслов да експлодира негативната атмосфера која што е право подолго време и меѓу редови и конкретно беше потенцирана.

Никој не очекуваше веројатно во Автокоманда дека ќе кулминира целата ситуација. Но, кога подолго време нештата се туркаат под чергиче еден ден од него и некој ќе се сопне. Се кажаа неубави работи од обете страни, веројатно и свесни кој ја говори вистината, кој на нешто е обрвзан, а кој нешто не почитува. Како и да е, до смирување на страстите, ако за такво нешто воопшто може да се говори, зошто не е првпат да се ражештат истите, се чека официјалниот став од СЕХА челниците за вчерашното откажување на металурзите на дуелот со Загреб. Во меѓувреме се става на чекање и пресметката со Нексе која требаше да се случи в сабота. А, само кога ќе се помисли и дека за недела дена ги чека евро шампионски настап, а уште побитно на национално ниво и настап на Македонската репрезентација на Светското во Катар во јануари месец, во која се 13 ракометари од Металург, сето ова уште толку создава мачнина.

Токму тоа, а и како засегната матична куќа во која се случува индиректно хаос, ракометната федерација се најде повикана да замоли како се вели на разумност, или интегрално: ”Љубезно апелираме до двете страни инволвирани во спорот, управата на клубот и играчите, да вложат максимални напори со цел да изнајдат заеднички јазик во разрешувањето на настанатата кризна состојба што е можно поскоро, на взаемно задоволство и во полза на македонскиот ракомет.„

Апострофираат од федерацијата дека ваквиот однос кој може да прерасне и во најкатастрофално сценарио, доколку мак шампионот не ги одигра и преостанатите натпревари во Лигата на Шампионите, според правилникот на ЕХФ, најмалку болното но не небитно финасиски пенали од 500.000 евра. Отстранување од шампионското друштво со неможност на мак првакот од сезонава на елитен настап, како и немање право на македонски екипи за учество во било кое клубско европско натпреварување.

Од оваа перспектива, излегува дека, судбината клубска, а и воопшто македонска ракометна е во рацете на Металург.