Полесно до сопствен бизнис и работа преку мерките за самовработување

06.11.2014 14:56

Агнцијата за вработување објави нов оглас. Во наредните 10 работни дена, сите заинтересирани ќе можат да аплицираат за проектите за самовработување...

Александра Стевановска не сакала да чека некој друг да и најде работа, решила да ги земе работите во свои раце. Перку прокетот за самовработување на млади до 29 години земала кредит од 7.000 евра и отворила бутик за деца и млади.

„Веќе успешно работам два месеци со тоа што вработив и уште едно лице“, вели Александра Стевановска.

7.000 евра може да добијат сите млади до 29 години кои имаат идеја и план да почнат сопствен бизнис. За секое ново отворено работно место преку активните мерки за вработување се исплаќаат по 4.000 евра.

Само за оваа година 930 кредитобаратели поднесоа барање за вработување на 1.090 лица. 113 лица досега подигнаа срдства, отворија компании и вработија 137 лица“, изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

„Од 2008 до 2014 година со Програмата за самовработување со кредитирање регистрирани се 2.747 фирми од кои 2.153 се активни, или во проценти 78.3%. Во овие  фирми се вработени  вкупно 3.290 лица“, нагласи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Во наредните 10 работни дена сите заинтересирани ќе можат да аплицираат за некоја од активните мерки за самовработување со кредитирање и самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години, како и за кредитирање на фирмите за отворање  нови работни места.

 

Наташа Јанчиќ