Грчкиот суд денеска ќе ја издаде дозволата за транспорт на телото на Дениса Маркоска

06.11.2014 15:11

Од судот за МРТ изјавија дека судијата од Родос денеска ќе ја издаде дозволата, иако според првичните најави телото на Маркоска требаше да пристигне во Македонија уште пред два дена...

Дозволата за транспорт на телото на Дениса Маркоска од Грција во Македонија ќе биде издадена денеска, од страна на судот на Родос, јавува дописникот на МРТ од Атина.

Од судот за МРТ изјавија дека судијата од Родос денеска ќе ја издаде дозволата, иако според првичните најави телото на Маркоска требаше да пристигне во Македонија уште пред два дена.

По пристигнувањето во Македонија, се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа и обдукција на телото на почината, за што веќе е добиено овластување од Министерството за здравство, а по барање на родителите на Дениса Маркоска.

 

Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина