Кина промовираше воз брз како авион
Направен е од пластични материјали зајакнати со карбонски влакна и со легура од магнезиум, што го прави полесен и побрз...

Супербрз воз, кој за еден час поминува 482 километри, со влечна моќност од 22 800 киловати, беше промовиран пред кинеската јавност пред една недела. Планирано е да се движи на релација Пекинг-Шангај.
Направен е од пластични материјали зајакнати со карбонски влакна и со легура од магнезиум, што го прави полесен и побрз. Дизајниран е како древен кинески меч. По неколку пробни возења добил потврда дека следната година може да влезе во редовен сообраќај. Според изјавата на директорот за изградба на кинеската државна компанија „Брзи пруги“ Луј Шују брзиот воз ќе го замени авионскиот сообраќај Пекинг- Шангај.
Кина има најголема мрежа на супербрзи возови на светот со речиси 12 000 километри пруги, а до крајот на 2015-та се очекува изградба на уште 12 000 км.
Соња Стојановска
