Бонбоните на „Европа“ не се фалсификат, одлучи српскиот суд

06.11.2014 16:04

Следна постапка, велат од скопската фабрика, ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед...

„Бонбон ноар“  на „Европа „се оригинални. Фабриката ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови. Стопанскиот суд во Белград неодамна ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД - Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони.

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот „Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше - дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка, велат од скопската фабрика, ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

Фиљана Кока