Како послесно до сопствен дом преку „Купи куќа, купи стан“?
Во Министерството за финансии ја обајснуваат постапката која е едноставна и се состои во три чекори...

Како да се стигне до сопствен дом преку проектот „Купи куќа, купи стан“? Интересот на граѓаните за овој проект расте особено по саемот кој се одржа неодамна. Во Министерството за финансии ја обајснуваат постапката која е едноставна и се состои во три чекори.
Наоѓате плац, куќа или стан за купување со цена до 900 евра за метар квадратен, а потоа треба да склучите преддоговор со изведувачот. Втор чекор е да се обратите до една од 8-те банки кои учествуваат во проектот и да поднесете документи, меѓу нив и изјава кај нотар дека во рок од 5 години нема да се продава издава или става под хипотека станот и третиот чекор е на Министерството за финансии да донесе одлука за одобрување на субвенцијата, по што барателот потпишува договор за кредит со банката. Министерството ќе одлучи најмногу за 45 дена.
„Доколку немате сопствен дом или домот во кој живеете станал премал за вашето семејство и сакате да купите поголем и доколку планирате да земете станбен кредит „Купи куќа- купи стан“ е навистина добра шанса. Субвенциите кои ги дава Министерството за финансии се неповратни и може да достигнат и до 14.000 евра “, изјави портпаролот на Министерството за финансии, Ивана Билбиловска.
Проектот купи куќа купи стана го раздвижи градежништвото, а цените се спуштија од 530 до 900 евра за квадрат, зависно од градот и локацијата. Над 330 семејства ја искористиле можноста да купат нов стан или куќа преку владиниот проект користејќи неповратни средства.
Миле Ристески
