Наставните програми „Кембриџ“ функционираат беспрекорно низ училиштата
Во скопското основно училиште „Круме Кепески“ престојуваше експертски тим од Англија. Скенираше како се спроведува наставната програма. Оценката е дека оваа новина внесува свежина во македонското образование...

Наместо само од книги, основците од почетните одделенија од први септември ги учат лекциите од математика и од природните науки преку реални ситуации и повеќе истражуваат. Од досегашното искуство со програмата „Кембриџ“, децата полесно го совладуваат материјалот, велат наставниците.
Математиката со новата програма на „Кембриџ“ стана навистина интересна за децата, зашто се ставени во улога постојано да истражуваат и да работат со разни ресурси“, рече Снеже Ѓорѓиева, одделенски наставник.
„И нуди многу можност за истражувачка работа, им нуди можност логички да истражуваат и самите самостојно да донесуваат заклучоц“, вели Горица Стојанова, одделенски наставник.
Во скопското основно училиште „Круме Кепески“ престојуваше експертски тим од Англија. Скенираше како се спроведува наставната програма. Оценката е дека оваа новина внесува свежина во македонското образование.
„Првата работа, децата навистина учеа нови работи, второ, децата учеа како да учат и трето, наставниците навистина го разбрале концептот и методите коишто треба да се користат со новата наставна програма. Сега со голема доверба ќе ја продолжиме нашата соработка“, рече Мајкл О’ Саливан од Меѓународниот центар за наставна програма „Кембриџ“.
Министерот Спиро Ристовски најави дека оваа реформа ќе се воведе и од 4-то до 9-то одделение .
„Очекувам во текот на наредната година по успешното завршување и на овој дел од реформата да го комплетираме реформирањето на основно образование , односно завршуавње на комплетното реформирање на образованието до седмо до деветто оделение“, рече Спиро Ристовски, заменик – министер за образование и наука.
Меѓународниот центар за наставни програми „Кембриџ“ е еден од најголемите светски креатори на образовни програми и на квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во над 9000 училишта, во 160 земји.
Од оваа година почна да се спроведува наставната програма „Кембриџ“ во македонското образование, со неа се предвидува учениците од прво до третто одделение да учат природни науки и математика.
Викторија Тодоровска
