Случај „Дениса“: Грчкиот суд одобри, телото пристигнува викендов
Информацијата ја потврдуваат од македонското Mинистерство за надворешни работи од каде што велат дека грчката страна била известена за итноста на случајот...

Телото на 23 годишната прилепчанка Дениса Марковска се очекува викендов да пристигне во Скопје. Судот од Родос издаде дозвола за да се транспортираат посмртните останки. Информацијата ја потврдуваат од македонското Mинистерство за надворешни работи од каде што велат дека грчката страна била известена за итноста на случајот.
Согласно грчките процедури, ако странски државјанин почине на грчко тло, а погребот не се организира во рок од 30 дена, потребна е дозвола од локалниот суд за да се пренесе телото во матичната земја.
Институтот за судска медицина, со дозвола од министерот Тодоров, а по барање на семејството Марковски ќе направи повторна ДНК анализа за да се проверат резултатите од референтната лабораторија во Атина. Според грчките форензичари, пронајденото тело на Карпатос одговара на ДНК профилот на младата прилепчанка, но истрагата не утврди како починала девојката.
Анита Димитријевска
