Европа загрижена поради Турција
Индија
Во железничка несреќа на југот на Индија загинаа најмалку 26 луѓе поради пожар кој избувнал во воз. Меѓу загинатите има и две деца. Портпаролот на индиската железница изјави дека во возот имало 67 патници, а поголемиот дел од жртвите починале поради задушување од чад.
Каиро

Египетските радикални студенти ја запалија зградата на Универзитетот „Ал Азхар“ во Каиро. Студентите кои го подржуваат движењето „Муслиманско братство“,прогласено за терористичко движење, се судрија со полицијата при што еден студент загина, над 60 се приведени, а има и голем број повредени. Судирите почнале откако демонстрантите не дозволиле студентите да влезат во факултетот при што плицијата возвратила со солзавец и гумени куршуми.
Турција
Европската Унија загрижена за состојбата во Турција по корупцискиот скандал кој ја тресе Владата на Ердоган. Побара веднаш да го реши проблемот на транспарентен начин, додека шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд ја повика земјата да се врати на патот на демократијата.
Корупцискиот скандал има меѓународна димензија. Но ние имаме само една борба, да имаме добра држава.
Во меѓувреме продолжуваат демонстрациите во Истанбул.
Хрватска
364 медицински лица, меѓу кои 300 лекари се обвинети за мито и корупција во акцијата „Хипократ“ во Хрватска. Досега не е забележан олку обемен случај во кој
обвинетите развивале мрежа на посредници за подмитување лекари за издавање рецепти од фармацевстката компанија „Фармал“.
Марија Петковска