Меси го стигна Раул, Ибраими погоди со Челзи

06.11.2014 16:31

По спектакуларниот вторник со 40 гола во овој сегмент, Меси го изедначи рекордот на Раул, Ибраими го постигна првенецот во шампионската лига, Луиз Адријано му даде вкупно осум гола на Бате Борисов.

Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Баерн, Барселона, ПСЖ и Порто се фаворитите кои на две рунди пред крајот на групната фаза ја исполнија улогата и обезбедија место во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа сезона.

По спектакуларниот вторник со 40 гола во овој сегмент, Меси го изедначи рекордот на Раул, Ибраими го постигна првенецот во шампионската лига, Луиз Адријано му даде вкупно осум гола на Бате Борисов.

Лео Меси влезе во историјата откако со двострелот против Ајакс се изедначи со Раул со 71 гол и пред големиот ривал  Роналдо стана крал на стрелците во елитната европска лига.

Од оваа група прогресира и ПСЖ кој со идентични 1-0 како и во Кипар го победи Апоел.Таму во финишот, во Париз на почетокот прецизен беше Кавани.

Баерн со максимален ефект обезбеди нокаут фаза, откако со головите на Рибери и Геце во однос на Рим, беше неефикасен против екипата на Рома на Алијанц арена во Минхен.

Манчестер Сити ги разочара навивачите на Етихад со поразот од  2-1 од ЦСКА и ги намали шансите за обезбедување место во наредната рунда. Думбија погоди два пати за гостите, Јаја Туре само изедначи, па во финишот беше исклучен и му се приклучи на Фернандињо кој претходно доби црвен картон.

Најголемото изненадување сепак е бодот на Марибор дома со Челзи, откако Ибраими го постигна својот први  гол и тоа убавец, во престижната конкуренција, Матиќ изедначи а Азар од пенал конечно не погоди или Хандановиќ го прочита неговиот удар.

Челзи ја одложи осминафиналната промоција, додека Спортинг по триумфот над Шалке од 4-2 се вклучи рамноправно со португалците и со германците во трката за втората позиција во групата.

Порто победи во Билбао против Атлетико со 2-0 и ја потврди добрата форма со пласман во наредната фаза. Џексон Мартинез и Брахими во вториот дел беа стрелци на головите.

Бразилецот Луиз Адриано е кошмарот на Бате Борисов. Во двомечот со Белорусите напаѓачот на Шахтјор постигна вкупно осум гола. Со синоќешните три,  во триумфот од 5-0, стана првиот фудбалер со хет трик на два последовни натпревара од Лигата на шампионите.