Здрава куќа на здрав темел

06.11.2014 16:35

Ултимативниот став и тешките зборови и обвинувања од дветестрани не се вовед во санација, а деновите минуваат, брзо. Металург го одложи неделниот натпревар против Нексе во СЕХА, но по 10 дена следува настапот во Лигата на шампионите...

Бурата се стиши, денот е мирен, двете страни управата и ракометарите го кажаа своето, се чека на првиот потег и на евентуалните последици по невремето. Се огласи Ракометната Федерација на Македонија.

Здрава куќа се гради на здрав темел се вели во апелот на РФМ. Повеќе од точно, но многупати досега сме биле сведоци дека се што долго и тешко се градело може да се урниса прекуноќ. А, темелите на македонскиот ракометен шампион се разнишани. Ултимативниот став и тешките зборови и обвинувања од дветестрани не се вовед во санација, а деновите минуваат, брзо. Металург го одложи неделниот натпревар против Нексе во СЕХА, но по 10 дена следува настапот во Лигата на шампионите. Таму санкциите како што е наведено во апелот на РФМ можат да бидат поразителни, погубни не само за Металург туку и за македонскиот ракомет: до 500.000 евра казна, евентуална суспензија на Металург и можна забрана за настап на сите македонски клубови во еврокуповите. Не се заборава ни дека меѓу 20-тината потпишани ракометари во соопштението на играчите 13-ет се репрезентативци на Македонија кои за 2 месеца ги очекува настап на светското првенство во Катар. И дилемата: Кој добива, а кој губи?

Ниту клуб бива без играчи, ниту ракометари без клуб. И кога сме кај губитниците, веројатно губат сите, но во барањето на винатакај едните или другите го забораваме најважното, дека најголемите губитници се љубителите на ракометот, армијата млади деца кои се поистоветија со клубот, кои во играчите препознаа свои идоли. Ним тешко ќе им се објасни кој е виновен, ниту пак треба. Ним, а и на сите нам ни треба Металург како што го знаеме, на спортскиот терен, борбен, бескомпромисен.

Металург што и во загубените натпревари се враќеше и во драматичен финиш ги добиваше. Ова е можеби најтешкиот натпревар, но и можност, сите да се надминат,како никогаш досега.