Понеделник ден за одлука за неоправданото отсуство на пратениците
Неоправданото отсуство на пратениците ќе биде тема на понеделничката координативна средба во парламентот. ДУИ е против одземањето на мандатите на социјалдемократите. ДПА гради став, ВМРО-ДПМНЕ не сака да коментира...

В понеделник завршуваат деловнички дозволените 6 месеци за неопрадвано отсуство на пратениците. Според потпретседателот на Собранието Алити можно е ова да биде и на дневниот ред на редовната координативна средба. ДУИ е против одземањето на мандатите. Ова била нашата позиција вели Алити и кога станувало збор за одземање на мандатите на одделни пратеници во минатото. Најдобрата варијанта вели е опозицијата да се врати во парламентот.
„И понатаму ние ќе го браниме овој став дека треба до крај да се инсистира пратениците на опозицијата да се вратат во парламентот“, вели Рафиз Алити, потпретседател на Собранието.
Констатирање на оставките или одземање на мандатите, и во ДПА одлука засега нема, но велат до понеделник партијата ќе изгради став. Од ВМРО-ДПМНЕ за оваа тема, велат не сакаат да коментираат.
И покрај сите пораки од меѓународната заедница дека политичката комуникација треба да е во институциите, првиот човек на СДСМ вчера уште еднаш повтори нема отстапување од одлуката.
„Враќање во парламентот нема“, рече Зоран Заев.
Наспроти ставот на Заев, дел од пратениците и натаму брифираат, дека внатрепартиската атмосвера е зовриена. Раководството велат не нуди аргументи, за да не убеди дека бојкотот е вистинското решение.
Виолета Димовска
