НБА

Пораз на Антиќ и на Атланта!

06.11.2014 17:12

Шампионот славеше со 94:92 со реализираните слободни фрлања на Џинобили на 3,8 секудни пред крајот. Антиќ одигра 16 минути, постигна седум поени и оствари три скока...

Перо Антиќ можеше да биде херој, но само под услов среќата да му помогнеше да го погоди изнудениот и тежок шут во последната секунда за победа на Атланта против Сан Антонио. Сепак, шампионот славеше со 94:92 со реализираните слободни фрлања на Џинобили на 3,8 секудни пред крајот. Антиќ одигра 16 минути, постигна седум поени и оствари три скока.

Во другите единаесет ноќешни НБА натпревари: Шарлот - Мајами 96:89, Филаделфија - Орландо 89:91, Бостон - Торонто 107:110, Бруклин - Минесота 91:98, Детроит - Њујорк 98:95, Милвоки - Чикаго 86:95, Вашингтон - Индијана 96:94, Феникс - Мемфис 91:102, Јута - Кливленд 102:100, Сакраменто - Денвер 131:109, Голден Стејт - Клиперс 121:104.