Илиевски пред потпис со Цибона!
06.11.2014 17:15
Пред две години Илиевски играше за актуелниот хрватски шампион Цедевита, минатата сезона за чешки Нинбурк, а сега многу веројатно ќе го засили некогашниот двоен европски првак...

Членот на славната кошаркарска репрезентација на Македонија, Владо Илиевски е блиску до договор со Цибона. Пред две години Илиевски играше за актуелниот хрватски шампион Цедевита, минатата сезона за чешки Нинбурк, а сега многу веројатно ќе го засили некогашниот двоен европски првак.
Доколку трансферот се рализира уште денеска, како што најавуваат хрватските медиуми, 34-годишниот Илиевски би дебитирал за Цибона викендов во АБА лигата, во дуелот со екипата на македонскиот селектор Алексанадар Џикиќ, словенечка Крка.
