На Ќафасан цариниците запленија 18 килограми марихуанa

28.12.2013 16:39

На 27 декември 2013 година, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријави патничко моторно возило со германски регистарски ознаки управувано од лице италијански државјанин. При извршена царинска конторла, во фабричките шуплини од возилото во предниот и задниот браник како и во двете предни крила, царинските службеници пронајдоа  17 пакувања  обвиткани со самолеплива трака, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, со вкупна тежина од 18 килограми. Непознатата тревкаста материја на тестер за психотропни супстанции НИК покажала присуство на марихуана.

На 27 декември 2013 година, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријави патничко моторно возило со германски регистарски ознаки управувано од лице италијански државјанин. При извршена царинска конторла, во фабричките шуплини од возилото во предниот и задниот браник како и во двете предни крила, царинските службеници пронајдоа  17 пакувања  обвиткани со самолеплива трака, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, со вкупна тежина од 18 килограми. Непознатата тревкаста материја на тестер за психотропни супстанции НИК покажала присуство на марихуана. Лицето дрогата ја набавил од лице од Албанија со намера истата да ја превезе преку Македонија со крајна дестинација Германија каде осомничениот живее и работи 26  години. Пред да тргне од градот Фиер неговиот пријател кој е албански државјанин на еден лист хартија му го нацртал патот и државите низ кој требал да помине за да ја пренесе дрогата до крајната дестинација. На листот со рака биле нацртани државите Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 40 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 80 илјади евра.