Обрван во Шамбери!
06.11.2014 17:17
Хрватскиот стручњак договори две иполгодишен соработка со француската екипа која во домашното првенство во моментов е шестопласирана со пет бода помалку од лидерот Монпелје...

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, паралелно ќе биде и тренер на Шамбери. Хрватскиот стручњак договори две иполгодишен соработка со француската екипа која во домашното првенство во моментов е шестопласирана со пет бода помалку од лидерот Монпелје.
Франција е противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство коишто нема да бидат во втор план поради дополнителниот ангажман, потенцираше Обрван.
