Македонските репрезентативци во игра за нокаут фаза!
Во најдобра позиција е Карабах на Муарем којшто може да каклулира и со нерешено дома против Дњипро. За да останат во конкуренција за нокаут фазата, на Динамо на Адеми му е потребна победа против Салцбург...

Тројцата македонски фудбалери кои се дел од УЕФА Европа лигата на половина од натпреварувањето во групи се во игра за шеснаестинафинале. Во најдобра позиција е Карабах на Муарем којшто може да каклулира и со нерешено дома против Дњипро. За да останат во конкуренција за нокаут фазата, на Динамо на Адеми му е потребна победа против Салцбург, а истото важи и за Локерен на Абдурахими кој ќе игра против Трабзонспорт.
Од 24-те натпревари од 4-то коло, Македонската телевизија ќе го пренесува дуелот меѓу Евертон и Лил и тоа на „Прва“ во 21 часот и 5 минути како главна содржина во емисијата посветен на УЕФА Европа лигата што ќе почне петнаесетина минути порано.
Двојки – 4 коло:
Група А
Аполон – Борусија М.
Цирих – Вилјареал
Група Б
Копенхаген – Бриж
Хелсинки – Торино
Група Ц
Астерас – Тотенхем
Бешикташ – Партизан
Група Д
Астра – Селтик
Динамо З. – Салцбург
Група Е
Дунамо Москва – Есторил
Панатинаикос – ПСВ Ајндховен
Група Ф
Карабах – Дњипро
Сент Етјен – Интер
Група Г
Феенорд – Ријека
Севилја – Стандард
Група Х
Евертон – Лил
Волфсбург – Кубан Краснодар
Група И
Наполи – Јанг Бојс
Спарта П. – Слован Б.
Група Ј
Динамо К. – Алборг
Рио Аве – Стеауа
Група К
Фиорентина – ПАОК
Генган –Динамо Минск
Група Л
Легија – Металист
Локерен - Трабзонспорт
