Случај „Бродец“: Мети Исмаили- Талибани екстрадиран во Македонија

06.11.2014 17:28

Префрлен е во еден од затворите во државава...

Мети Ислами, таканаречен Талибани,обвинет во случајот „Бродец“ за тероризам, инаку десна рака на Лирим Јакупи-Нацист од Косово е екстрадиран во Македонија, потврдија од МВР за Македонската телевизија.

Исмаили е префрлен во еден од затворите во државава. 

Тој беше осуден во отсуство за терористички  дела во Бродец, каде и  беше спроведена акцијата „Планинска бура“.

192 години беше вкупната затворска казна за 17-темина членови на терористичката група од селото Бродец, која ја донесе судот во 2008-година.  

Повеќе детали МВР најави за утре.

 

Наташа Гркова- Петрушевска