Бугарија
Бојко Борисов потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада
06.11.2014 17:34
Документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ и од лидерите на пет мали партии во составот на реформскиот блок...

ГЕРБ на Бојко Борисов потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада по едномесечни преговори, соопштија бугарски официјални претставници. Документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ и од лидерите на пет мали партии во составот на реформскиот блок.
„Направивме голем напор. Најмалку десет пати бевме на раб до нови избори. Направивме сериозни жртви“, изјави Борисов по потпишувањето на коалицискиот договор.
Владата на Борисов ќе биде петта во помалку од две години во државата која заздравува од банкарската криза и се обидува да го поттикне економскиот развој на земјата.
