Се зголемува границата за студирање на повозрасни

28.12.2013 16:45

Од наредната академска година се менува старосната граница за граѓаните кои сакаат да се запишат на факултет.  Жените над 30 и мажите над 35 години со претходно завршено четиригодишно образование за 200 евра годишно ќе можат да студираат на било кој државен универзитет, без разлика дали се вработени или не.

Министерот Ристовски повика невработените лица да се насочат кон изучување на техничките науки, затоа што веројатноста за вработување е многу поголема, поради дефицитарноста на овие струки.

-Ова е шанса за сите нив, да го подобрат и зголемат степенот на образование, а со тоа да станат повеќе вреднувани и платени онаму кадешто работат, или пак за невработените да станат повеќе конкурентни на пазарот на трудот,  

изјави Спиро Ристовски - министер за образование

Овој проект се спроведува уште пред 4 години, но се однесуваше само за жени над 35 и мажи над 45 години. 

Во изминатиов период се запишале илјада и двесте студенти . Во министерството очекуваат оваа бројка да се зголеми, затоа што интересот е забележителен.

Андријана Атанасовска