Македонски вина на саем во Хонг Конг
07.11.2014 08:26
Саемот се одржува од 6-ти до 8-ми ноември 2014 и преставува најголемиот саем во овој дел на Кина, на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1.000 изложувачи од 38 земји од светот ...

Македонските винарии овие денови ги промовираат своите производи на Хонг Конг. Девет македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула) организирани преку Здружението Вина од Македонија учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци во Хонг Конг каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Хонг Конг - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери. Саемот се одржува од 6-ти до 8-ми ноември 2014 и преставува најголемиот саем во овој дел на Кина, на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1.000 изложувачи од 38 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.
Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 100м2 за македонски компании производители на вино.
Хонг Конг и Кина се едни од пазарите кои се најбрзорастечки пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години, каде постои голем потенцијал за поголем пласман на македонското вино и градење на брендот на македонското вино во шише во овој дел од светот.
Промотивните активности на винарии во Кина, продолжуваат и следната недела со учеството на Саемот за вино во Шангај – ProWine China кој се одржува од 12-ти до 14-ти Ноември.
