Заклетва на војници за доброволно служење воен рок
07.11.2014 08:43
На свеченоста ќе се обрати министерот за одбрана Јолевски...

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свеченост по повод заклетвата на војниците за доброволно служење на воениот рок.
На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
