Дополнителни субвенции за професионални земјоделци
07.11.2014 10:12
Професионалните земјодеци дополнително се субвенционираат од државата. Зголемување има кај три категории производители од 5 до 20 проценти...

Дополнителни субвенции од вкупно 150 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци.
Доколку фармерот е до 40 години, за производството ќе добие плус 10 проценти.
Пет проценти добиваат и правните лица регистрирани како земјоделско стопанство, освен за објектите за домување или престојување.
Третата категорија на привилегирани се, регистрираните индивидуални земјоделци, или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
За нив субвенциите се поголеми за 20 насто.
Методија Трајков
