Повисоки приноси на пченка со системот „капка по капка“
Вложувањата во осовременување на земјоделството секогаш ја оправдува инвестицијата со зголемувањето на приносите, намалување на трошоците, подобрување на квалитетот на произведеното. Со едукацијата на земјоделските производители ќе се овозможат и нови вработувањето во овој сектор...

Фармерот Зоран Димитријевиќ од куманвоското село Речица е ден од 120-те земјоделци во државата кои го користеа системот капка по капка при одгледување на пченка и очекува рекордни 18 тони по хектар за разлика од претходните години кога собирал од 7 до 8 тони. Тој додава дека покрај добрата жетва со овој систем на наводнување успеал да заштеди на време и финасии.
„Со класично наводнување ја садевме поретко, беа послаби стеблата, приносот понизок. Сега имам поквалитетно зрно, погуст и подобар род за повеќе од 50 проценти. Следната година ќе ги насадам сите 20 хектари“, додава земјоделецот Димитријевиќ.
Проектот „Да произведеме повеќе пченка“ се реализира во рамките на програмата за експанзија на малите бизниси во Македонија со подршка на УСАИД преку Амбасата на САД.
„Веќе 20 години работиме во Македонија со цел да се даде поршка на земјоделството и пред се фармерите и да им помогнеме себе си во иднина да се гледаат како агро-бизнисмени, да растат и развиваат, а со тоа ќе се подобри и бизнис климата и целкоупната економија“, изјави амбасадорот на САД во Македонија, Пол Велерс.
Поквалитетната добиточна храна ќе го подобри не само квантитетот, туку и квалитетот на млекото смеатат од млекарниците.
„Во интерес ни е да се зголемува литражата на сировото млеко, земјоделците да вложуваат во производството и технологијата и да се осовременуваат“, вели Јован Дабески, сопственик на млекара „Здравје Радово“.
Со вложувањето во технологијата во оваа земјоделска гранка се очекува во наредните години Македонија да стане целосно независна од увоз на пченка, повраток на инвестиции од 100 милиони евра и да се креирање околу 2.800 работни места.
Габриела Димковиќ
