Во Србија продолжение на „Гром“

28.12.2013 17:12

Во синхронизирана и опсежна акција при претрес на повеќе од 1100 локации запленети се големо количество дрога, илегално оружје, експлозиви, возила и пари. Во Србија продолжение на широката акција за борба против илегална трговија на наркотици Гром. Уапсени се повеќе од 100 лица осомничени за дистрибуција на наркотици, но и за друг вид криминал. Од српското Биро за координација на службата за безбедност очекуваат во двете акции Гром и Гром еден да бидат приведени околу 500 криминалци.  

Не станува збор за удар врз оние кои се бават со организација и меѓународен транспорт на илегалните наркотици. Повеќе се работи за удар врз мрежата на нарко дилери без кои сето тоа не може да се реализира.. Ова ќе биде една константна акција која ќе има неколку фази, вели Ивица Дачиќ Премиер и министер за внатрешни работи.   

Акцијата ќе ја повторуваме се додека во целост не се искорени нарко криминалот, изјави вицепремиерот Александар Вучиќ, додавајќи дека „Гром“ е најсеопфатната акција спроведена во Србија и во регионот. Тврди дека меѓу уапсените има и познати шефови на нарко-мафијата.

За сите нарко дилери пеколот тукушто доаѓа. Акцијата ќе ја повторуваме се додека нашето општество не се излекува од оваа болест, истакна вицепремиерот Александар Вучиќ. 

Широката полициска акција Гром почна на почетокот на месецов. Во првата фаза беа запленети 21 килограм дрога, уапсени 124 лица, а околу 70 се задржани во притвор.

Маја Стојанова