Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред бизнисмените во Лос Анџелес

07.11.2014 10:48

Премиерот Груевски им порача на присутните дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развој на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори...

Владиното роуд- шоу е во Лос Анџелес, еден од водечките индустриски центри во Соединетите Американски држави. Американските компании го зголемија интересот за инвестирање во Македонија. Ќе го скенираат теренот, најавуваат посета на земјава.

Премиерот Груевски им порача на присутните дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развој на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори.

„Сакам да Ве поканам да дојдете во Македонија. Сакам да го поканам секој кој планира да почне нов бизнис, да отвори нова фабрика, да го прошири или префрли производството на друга локација со пониски трошоци. Пред да ја донесете одлуката некаде да инвестирате дојдете во Македонија, разговарајте со инвеститорите кои се веќе присутни во земјата и ќе се уверите дека она што јас ви го говорам е вистина“, рече премиерот Груевски пред бизнисмените на форумот во Лос Анџелес.

„Компаниите пред кои ги презентиравме поволностите за инвестирање во Македонија беа заинтересирани за повеќе сектори, меѓу кои информатичката технологија, технолошкиот развој на разни производи во Република Македонија, филмската индуастрија...“ изјави министерот за странски ивнестиции, Бил Павлески.

Лос Анџелес е втор најголем град во САД, и е седиште на технолошката индустрија, медицината, образованието, телевизиската и филмската индустрија, тој воедно е и втор по големина по растот на бруто регионалниот производ во САД.