Кошарка

Резултатско чудо во Тел Авив

07.11.2014 11:10

Среде Тел Авив, Цедевита го порази европскиот првак Макаби со 83:73 кошеви...

Лигата на шампионите во кошарка не може без изненадувања. Последното го направи Цедевита! Среде Тел Авив го порази европскиот првак Макаби со 83:73 кошеви. Тоа е прва и сензационална победа на загрепските кошаркари во „Б“ групата од  Лигата на шампионите.
 
Барселона успешно го мина Босфор. Дербито од „Ц“ групата против Фенербахче, Каталонците го добија со 80:78 кошеви. На другите три натпревари одиграни синоќа Туров беше подобар од Баерн Минхен со 89:78, Жалгирис го порази Уникс Казан со 77:71, а Анадолу Ефес гостувањето во Нижњи Новгород го заврши со победнички 76:66 кошеви.
 
Денеска ќе се одиграат нови шест натпревари од 4 –то коло: 
 
ЦСКА Москва-Уникаха
 
Црвена Звезда-Олимпијакос
 
Алба-Лимож
 
Галатасарај-Нептунас
 
Панатинаикос-Армани Милано
 
Валенсија-Лаборал Куча