Народното собрание на Бугарија ќе гласа за новиот кабинет на Борисов

07.11.2014 11:46

Во составот на кабинетот има четворица вицепремиери...

Седница на Народното собрание на Бугарија. Ќе се гласа за владата на ГЕРБ и реформаторскиот блок, поддржан од АБВ и Патриотскиот фронт на чело со премиерот Бојко Борисов.

Во составот на кабинетот има четворица вицепремиери, 16 министри, како и Министерството за економија, енергетика и туризам кое се дели на три одделни ресори.

Ова е втора Влада предводена од Борисов.