Бразил: Полицијата заплени три тони кокаин, скриен во грмушки
07.11.2014 11:52
Полицијата се сомнева дека дрогата пристигувала со авион...

Бразилската полиција заплени три тони кокаин и огнено оружје на меѓународниот аеродром во Рио. Дрогата била скриена во грмушки во близина на аеродоромот.
„Ова е резултат на два месеци работа. Долго време прибиравме информации за банди кои дистрибуираат дрога“, вели Мајор Корбаж.
Полицијата се сомнева дека дрогата пристигувала со авион и била наменета за дистрибуција по градовите.
