Накитена подводната елка во Охридско езеро

28.12.2013 17:17

Традицијата продолжува. Охридските нуркачи и нивни колеги од другите македонски клубови ,во водите на Охридското Езеро, во Заливот на коските кај Градиште, на околу 5 метри длабочина поставија новогодишна елка. Наздравувајќи со шампањско, тие упатија порака за мир и благосостојба до сите граѓани на Македонија.

„Ова веќе станува традиција со која ние сме задоволни.Но сакаме да им остане на младите кои што сега се овде присутни.Ќе биде посебно задоволство и нив да ги видиме под вода„- изјави Периклија Бешка-Претседател на Сојузот за подводни активности на Македонија.

И оваа година подводниот Дедо Мраз на најмладите им подели подароци.

“Клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора„ пред 12 години дојдоа на идеја за своевиден начин на честитање на Нова Година, директно од под вода. Од тогаш па наваму секоја година остана како атракција за оригинално честитање на Новата Година за сите граѓани на Македонија“ изјави нуркачот Гоце Стојаноски.

Освен во Заливот на коските, нуркачите ќе постават елка и во изворите на Цн Дрим кај Свети Наум, што ќе биде дополнителна радост за Охриѓани и за гостите.

Сашо Нелоски