Оливер Стоун сака да сними филм за Путин

07.11.2014 11:55

Оскаровецот Стоун, моментно се наоѓа во Москава, каде работи на филмот за поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден...

Американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека сака да сними документарен филм за Владимир Путин и воедно да направи интервју со претсдателот на Русија, со цел да го долови „аголот на гледање за кој Американците не сакаат ниту да слушнат“.
 
Оскаровецот Стоун, моментно се наоѓа во Москава, каде работи на филмот за поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, што ќе биде продолжение на неговите ангажмани, меѓу кои се и филмовите за Уго Чавез, Фидел Кастро и поранешните американски претседатели Ричард Никсон, Џон Ф. Кенеди и Џорџ Буш помладиот.
 
Би разговарал со Путин за да можам на Американците да им го покажам аголот на гледање, кои воопшто не сакаат ни да слушнат. Би сакал да направам филм за него, рече Стоун.