Екстрадираниот „командант Талибани“ под засилено обезбедување во Идризово

07.11.2014 12:54

Тој беше осуден во отсуство. Заработи 15 години казна затвор за терористички дела во Бродец, каде и беше спроведена акцијата „Планинска бура“...

Метин Ислами, викан командант Талибани, обвинет во случајот „Бродец“ за тероризам е во затворот Идризово каде се обезбедува под засилени мерки.

Беше екстрадиран од Косово каде пред година илоп беше приведен. Тој беше осуден во отсуство. Заработи 15 години казна затвор за терористички дела во Бродец, каде и  беше спроведена акцијата „Планинска бура“.

„МВР со највисоки безбедносни мерки со исклучително високо обезбедување го презеде Метин Ислами, попознат како командант Талибани на возраст од 33 години. Лицето е од Скопје. По завршената постапка за екстрадиција, која нешто повеќе од една година се одвиваше со косовските власти, истиот беше преземен на граничниот премин Блаце и веднаш потоа спроведен во КПД Идризово за издржување казна затвор“, изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.

192 години беше вкупната затворска казна за 17-темина членови на терористичката група од селото Бродец, која ја донесе судот во 2008-ма година. 

 

Наташа Гркова-Петрушевска