Се прави терен за отворање специјализирани продавници за органска храна
До крајот на годинава ќе се финализира идејното решение за специјализирани продавници за органска храна. Тие ќе бидат предвидени во Програмата на Министерството за земјоделство...

Производителите на органска храна ги кажаа своите проблеми пред надлежните. Се прави терен за отворање специјализирани продавници со финансика поддршка од државната каса.
До крајот на годинава ќе се финализира идејното решение за специјализирани продавници за органска храна. Тие ќе бидат предвидени во Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2015 година, најави ресорниот земник министер Ванчо Костадиновски по денешната средба во Министерството со здруженијата на производители на органска храна и сертификациските тела.
На средбата се согласивме дека идејата за отварање на специјализираните продавници за органска храна е добра во насока за промоција на продажбата на органските производи заради поорганизиран настап. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе го финализираме идејното решение. Ќе ги финасираме делумно заедно со производителите на органска храна, а средствата ќе бидат исплаќани преку Програмата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2015 година, рече Костадиновски.
