Со нова правна рамка ќе се сузбива вршењето нерегистрирана дејност
Првата јавна дебата за предлог-законот за забрана и спречување нерегистрирана дејност се одржа денеска во Сојузот на синдикати на Македонија...

Се стега обрачот околу можноста за вршење нерегистриана дејност. Со нова правна рамка ќе се сузбива нелојалната конкуренција и ќе се намалува сивата економија.
Првата јавна дебата за предлог-законот за забрана и спречување нерегистрирана дејност се одржа денеска во Сојузот на синдикати на Македонија.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека целта на овој закон е да се регулираат нерегулираните дејности во поголем обем во Република Македонија.
Со регулирањето на нерегистрираните дејности од поголем обем, се очекува да се унапредат работничките права, ќе се заштитат и потрошувачите, секој понудувач на услуга ќе се лиценцира и гарантира за извршената услуга на потрошувачите.
