Кембриџ програмата догодина ќе се имплементира до шесто одделение
Со ова се реализира втората фаза за воведување на Кембриџ програмата во македонскиот образовен систем...

Наставните програми по Кембриџ воведени од прво до трето, ќе се имплементирааат и во одделенијата до шесто. Надлежните го потпишаа Договор за реформирање на наставната програма. На терен експертските тимови, утврдиле дека реализацијата на проектот е успешна.
Со ова се реализира втората фаза за воведување на Кембриџ програмата во македонскиот образовен систем, откако на почетокот на оваа учебна година по оваа програма учат децата од прво до трето одделение.
„Република Македонија е единствената земја во регионот којшто го воведува Кембриџ образовниот систем. Се работи за најсовремени наставни програми и учебници кои содржат нов интегративен концепт за изучување на предметите преку поголемо научно истражување од страна на наставниците и учениците што, пак, ја развива довербата и критичкото мислење кај учениците“, истакна министерот Адеми пред потпишувањето на договорот.
Договорот опфаќа испорака на наставните програми по кои ќе се изработуваат учебниците и обуки за наставниците.
