По 23 години, возобновена авиолинијата Белград - Загреб

07.11.2014 14:04

Последниот лет на ЈАТ за Загреб беше во август 1991 година по распаѓањето на СФР Југославија...

По 23 години повторно воспоставена директна авионска линија од Белград до Загреб. Како што денес највија од Ер Србија, линијата ќе профункционира на 12-ти  декември.

Последниот лет на ЈАТ за Загреб беше во август 1991 година по распаѓањето на СФР Југославија.

Отварањето на линија, како што соопштија од Ер Србија, е резултат на деловните и туристички потреби.

Од пред месец дена од Белград е воспоставена и директна авионска линија за Тирана, која не функционираше со децении.

Оливер Бранковиќ