Полјаците не го сакаат еврото
Процентот на поддржувачите на влегување на Полска во еврозоната од февруари 2013 до сега падна за пет процентни бодови и во моменетов е на најниско ниво...

Речиси 70% од полските граѓани се противат на укинување на злотата и воведување на еврото,покажало истражувањето на полската агенција ЦБОС.
Процентот на поддржувачите на влегување на Полска во еврозоната од февруари 2013 до сега падна за пет процентни бодови и во моменетов е на најниско ниво откако оваа агенција го истражува. Од таму соопштуваат дека само 24% од Полјаците сакаат воведување на еврото, а 68% се против. Полска се подготвува за еврозоната , но, се уште не решила кога. Властите сметаат дека не е време за одредување на прецизен датум . Истражувањето на ЦБОС покажало дека 64% од полските граѓани сметаат дека по влезот ги очекуваат поскапувања, а 42% дека ќе има неповолен курс евро-злота. Со оглед на расположението на јавноста и на некои уставни пречки, не се очекува влез на Полска во еврозоната до крајот на деценијата.
