Стефанов не издржа на клупата на МЗТ!

07.11.2014 14:41

По Словенцот Змаго Сагадин, популарниот Врба е вториот тренер којшто не издржа на клупата во Аеродром на којашто мина само четири цели натпревари и еден прекинат...

Турбулентниот период во МЗТ Скопје резултираше со оставка и на Врбица Стефанов на тренерската позиција. Практично, Стефанов го активираше заминувањето коешто го најави уште по поразот од Цедевита.

По Словенцот Змаго Сагадин, популарниот Врба е вториот тренер којшто не издржа на клупата во Аеродром на којашто мина само четири цели натпревари и еден прекинат.

На дуелот од АБА лигата против Партизан  в сабота, македонскиот шампион ќе го води досегашниот асистент Боби Митев. По гостувањето во Белград, раководството на екипата од Јане Сандански ќе реши дали Митев ќе остане прв тренер или ќе биде ангажиран нов стручњак.

Шпекулациите се движат кон Србија и асистентот на репрезентацијата на оваа земја којашто бше втора на Светското првенство, па реномираниот Мирослав Никоќиќ се споменува како главен кандидат, особено по банкротирањето на неговиот претходен клуб, Раднички Крагуевац.

Преносот од саботниот дуел Партизан – МЗТ Скопје ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 21 часот.