Илиевски во Цибона!

07.11.2014 14:43

Иако поради престечајната постапка, привремениот директор на „цибоси“ Александар Петровиќ најави дека немаат стредства за трансфери, очигледно загрепчани најдоа начин како сезонава да го донесат Илиевски во „Домот Дражен Петровиќ“...

И на 34-години еден од членовите на славната македонска кошаркарска репрезентација, Владо Илиевски ќе ја продолжи кариерата и тоа во Цибона. Откако му заврши договорот со чешки Нимбурк, Илиевски беше трпелив и ја дочека понудата на некогашниот двоен европски првак.

Иако поради престечајната постапка, привремениот директор на „цибоси“ Александар Петровиќ најави дека немаат стредства за трансфери, очигледно  загрепчани најдоа начин како сезонава да го донесат Илиевски во „Домот Дражен Петровиќ“

Илевски кој пред две години играше во Хрватска и тоа во сега актуелниот шампион Цедевита, веќе се приклучи на тренинзите на Славен  Римац и ќе може да дебитира за Цибона во неделниот АБА натпревар  против екипата на македонскиот селектор Александар Џикиќ, словенечка Крка.