ФЗОМ и Комисијата за Унапредување на првата на пациентите на средба
Заклучок од работната средба дека и во иднина ќе се продлабочува одличната соработка на највисоко ниво, која што се се потврдува и преку учеството на претставник на ФЗОМ делегиран како член во Комисијата за унапредување на правата на пациентите...

Можност за унапредување на правата на пациентите и нивна заштита, разгледување на поплаки и предлагање на мерки со цел задоволување на потребите на пациентите и можноста за унапредување на нивната здравствена состојба беше темата на средбата на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со претседателот на Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Град Скопје, Душко Ѓорѓиев-соопштуваат од ФЗОМ.
Директорката Парнарџиева-Змејкова инфромираше дека на барање на лекарите, а по детални анализи на Фондот, во јули 2014 година е донесена одлука на Управен Одбор на ФЗОМ, со што е направена измена на постоечката Позитивна листа на лекови во индикациите и режимот на препишување, се со цел поедноставување на постапката за добивање на лек на товар на Фондот.
Претседателот Ѓорѓиев информираше дека во Град Скопје веќе втор мандат, Комисијата за унапредување на правата на пациентите ги разгледува поплаките од пациентите и предлага мерки за подобрување на заштитата на пациентите до надлежните органи.
Заклучок од работната средба дека и во иднина ќе се продлабочува одличната соработка на највисоко ниво, која што се се потврдува и преку учеството на претставник на ФЗОМ делегиран како член во Комисијата за унапредување на правата на пациентите.
