Преку совети на Фејсбук до здрава бременост

07.11.2014 15:03

Министерството за здравство ја креираше Фејсбук страницата „Здрава бременост“ која има околу 5.000 следбеници што значи предизвика голем интерес...

Идните мајки можат да добијат медицински консултации од лекар- гениколог кој ќе одговара на прашања поставувани на посебна страница на Фејсбук во текот на денот. Одговорот следува во приватна порака.  

Министерството за здравство ја креираше Фејсбук страницата „Здрава бременост“ која има околу 5.000 следбеници што значи предизвика голем интерес пред се кај женската популација односно кај идните мајки.

Најчесто поставувани прашање од идните мајки се: кои ултразвучни прегледи се потребни во текот на една бременост, кои се најзначајни скрининзи кои треба да ги направат во однос на ултразвучни скрининзи во прв и втор триместар за рано откривање на малформации кај плодот, за рано детектирање за ризикот за носење на плод со хромозомопатии, како што е плод со даунов синдром, скрининзи за откривање гестациски дијабетес, за рано откривање хипертензија..., истакна директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи Лега.

Според неа, фејсбук страницата има посебно значење во подигнувањето на свеста кај женската популација односно кај идните мајки за значењето на антенаталната грижа што значи грижа за бременоста на трудниците преку правење контроли кај својот матичен гинеколог, а ако е потребно и на повисоко ниво.