Над 8.000 граѓани побарале совет на „Ало Докторе“

07.11.2014 15:13

Зголемениот број реализирани повици на линијата и позитивните реакции на пациентите покажуваат дека тие се задоволни од функционирањето на линијата. Сите јавувања се снимаат, искуството е позитивно и досега нема ниту една забелешка од граѓаните, велат надлежните...

Повеќе од 8.000 граѓани се јавиле на линијата „Ало Докторе“, да побараат лекарски совет, за неполни два месеци откако е ставена во функција. Телефонската линија е достапна секој ден, по 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Зголемениот број реализирани повици на линијата и позитивните реакции на пациентите покажуваат дека тие се задоволни од функционирањето на линијата. Сите јавувања се снимаат, искуството е позитивно и досега нема ниту една забелешка од граѓаните, велат надлежните.

„Разговорот со лекарот му помага на оној кој се јавува тој психички да се ослободи, да му се смири состојбата која во моментот ја чувствува, предложената терапија ќе ги намали симптомите, а едукативните совети ќе помогнат за превенција на болести и подобрување на здравјето“, изјави Јованка Костовска од Министерството за здравство.

Изминатиот период од сите јавувања, најчеста е етиологијата на болка, респираторна симптоматологија, ревматски, кардиоваскуларни  симптоми, и после дадениот совет и помагањето тие граѓани изразуваат благодарност, посочи директорката на Здравствен дом Скопје, Тања Баевска Вучковиќ.