Контроли: УЈП затоври 29 објекти низ Македонија

07.11.2014 15:21

Даночни конторли сповеле низ цела држава. Проверени се 53 субјекти. Акциите се извршени од МВР и од пазарниот инспекторат...

Управата за јавни приходи затвори 29 објекти низ Македонија. Утврдиле низа пропусти во делот на фискализација. Даночни конторли сповеле низ цела држава. Проверени се 53 субјекти. Акциите се извршени од МВР и од пазарниот инспекторат. 20-тина субјекти не го почитувале ниту Законот за забрана на пушење,  па добиле клуч на врата.

Како што информираат од Управата за јавни приходи во Куманово, Липково и Опаје се извршени 11 даночни контроли, од кои во девет се утврдени неправилности, во скопските општини Центар и Чаир спроведени се  10 даночни контроли од кои во седум се утврдени неправилности, во скопски Сарај и Кондово осум при што неправилност се утврдени во четири,  во Струга од осум даночни контроли во една е утврдена неправилност, во Тетово од 10 даночни контроли во осум се утврдени неправилност.

Контроли се спроведени и во Радовиш при што не е утврдена неправилност во спроведените шест.

Координираните контроли на УЈП, МВР и Државниот пазарен инспекторат, кои се спроведуваат неколку пати во годината на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, наведуваат од УЈП.