Реновиран и кадровски засилен Здравствениот дом во Прилеп

07.11.2014 16:19

Здравсвениот дом во Прилеп за нецели две години е реновиран и засилен со стручен кадар-задоволни и пациентите и вработените...

Нова инвестиција од 3 милиони денари во Здравствениот дом во Прилеп. Се постави нова внатрешна дограма, и комплетно се уредува со најсовремна опрема детското одделение. Заедно со новата енергетска фасада, лифтот, надворешната дограма, возниот парк и новите медицински апарати, вкупната инвестиција тука за само 1 година достигна над 23 милиони денари. Домот се екипира и со нови кадри.

„Беше вработен и иден медицински тим за проектот „Рурален лекар“, кој доста успешно го спроведуваме во сите населени места каде што нема здравствена заштита. И во тек е конкурс кој тече за двајца лекари педијатри“, истакна Петар Ристески, директор на Здравствен дом Прилеп.

Презадоволни се и граѓаните.

„Многу е средено сега, почисто, поубаво, порано навистина сосјтојбата со Домот беше лоша, но сега сме презадоволни од условите“, велат прилепчани.

Овие инвестиции, со кои оваа институција комплетно го смени својот лик,  се обезбедени од сопствени средства, и средства на Владата.

„За овие една и пол година Здравствениот дом прерасна во една современа европска институција, во интерес на вработени тука, но пред се и во интерес на граѓаните“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Јавното здравство е еден интерактивен процес, задоволните лекари и нивните подобри услови, во многу придонесуваат и за квалитетот на работата“, изјави Димитар Стевананџија, пратеник.

Здравствениот дом од Прилеп исто така до Нова година планира да отвори уште едно одделение на Итната помош во Кривогаштани, инвестиција која ќе чини околу 5 милиони денари.

Дарко Штаргоски